Мајк Тајсон ја тренира Серена Вилијамс и порача: Не би се тепал против неа! (Видео)

Тенисерката Серена Вилијамс облече боксерски ракавици и беше снимена како тренира бокс, удираше силно во вреќа, а помош и совети добиваше од некогашниот светски првак во тешка категорија и мајстор за брзи нокаути, славниот Мајк Тајсон. И 53-годишниот Тајсон беше воодушевен од тоа што го виде во кампот на Патрик Муратоглу на Флорида, па на „Твитер“ порача дека не би сакал да се најде во ринг против Серена.

Вилијамс има 38 години, при крај е со тениската кариера, а тренерот на Серена, Муратоглу, постојано ѝ велел да ја удира вреќата како што ги удира тениските топчиња.

https://twitter.com/i/status/1207466348940410880

- Оглас -

Најнови вести