Боксерската легенда Мајк Тајсон, кој своевремено беше најмлад светски првак во тешка категорија, призна дека кога ја завршил кариерата, речиси и да немал пари, иако за 15-те години боксување заработи околу половина милијарда долари.
„Кога ќе заработите толку многу пари, тие ви траат подолго време, не ги потрошите сите пари наеднаш. Ми требаа 15-16 години за да банкротирам“, вели Тајсон.
Челичниот Мајк раскажа дека трошел без контрола, а познато е дека голем дел од парите му ги зеде поранешната сопруга, со која се разведе.
„Знаев да кажам: Еј девојко, ти се допаѓа автомобилов? Важи, дојди кај мене за викенд и ќе ти го купам. Трошев пари за глупости. А, последната заработка од борба ја потрошив за рехабилитација, тоа беа околу 1 милион долари. На сметката имав уште 2 милиони од продажба на куќа во Феникс“, изјави Тајсон.
Сега тој дава совет до богатите родители.
„Децата треба повеќе да одат на молитви и да работат напорно. Не сакам на моите деца да им давам многу пари бидејќи тоа ќе ги расипе. Така нема да им помогнам, само ќе ги уништам како луѓе“, завршува 55-годишниот Тајсон.