Мајк Тајсон се враќа во рингот?

Легендарниот боксер и веројатно еден од најдобрите во историјата, Мајк Тајсон, можно е повторно да го видиме во рингот, и тоа на неверојатни 57 години. Тој пред два месеца присуствуваше на натпреварот помеѓу Пол и Фјури во Саудиска Арабија и најави дека е можно да се врати во рингот, а такви се и желбите на луѓето од Саудиска Арабија.

„Боксот ми недоставува. Тоа не беше така додека не бев на натпреварот во Саудиска Арабија. Кога сето тоа повторно ќе го видите, почнува да ви недостасува да бидете во центарот на вниманието. Во моментов не се подготвувам за меч, но луѓето од Саудиска Арабија сакаат да боксувам таму.“

Мајк Тајсон последен пат го видовме во рингот во 2020 година, кога на егзибиционистички натпревар боксуваше против Џонс.

- Оглас -

Најнови вести