34.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Мајк Тајсон во септември се враќа во рингот со спектакуларен меч

Легендарниот Мајк Тајсон во септември ќе се врати во боксерскиот ринг. Според најавите од руските медиуми, Тајсон веќе има договорено меч против Реј Џонс Јуниор. Двете страни ги договориле сите детали за спектакуларната борба, а официјалната потврда за овој дуел треба да пристигне во следниот период.

Договорено е борбата да биде во осум рунди и тоа ќе биде во САД. Џонс има 51 година и активно боксуваше до пред две години. Во кариерата заврши со 66 победи и само девет порази. Интересно е тоа што во 2003 година Џонс како првак во ВБА-категоријата одби да боксува со Тајсон затоа што не беше задоволен од понудената сума. Доколку тогаш прифатеше меч против Тајсон, Џонс ќе заработеше 40 милиони евра, но ја одби понудата.

Подоцна Џонс влезе и во финансиски проблеми, па замина и во Русија да работи, каде што доби и руски пасош. Засега не е јасно која ќе биде сумата што ќе ја заработат двајцата боксери, но јасно е дека во септември ќе има спектакуларна борба на двајца „боксери дедовци“.

- Оглас -

Најнови вести