Мајка со деца трчаше по Бејл, а тој не ги ни погледна (Видео)

Герет Бејл синоќа се врати од Лондон во Мадрид, а на аеродром веќе го чекаа подготовени новинарски екипи, но и група негови обожаватели. Бејл се појави на аеродромот со куферот во едната рака и мобилниот телефон во другата.

Кога го здогледаа Бејл на аеродромот, дечиња заедно со нивната мајка потрчаа да добијат автограм. Бејл едноставно не ги ни погледна децата, туку продолжи да се движи додека тие трчкаа покрај него.

Реал Мадрид вечерва игра против Леганес во меч од десеттото коло во шпанската Примера дивисион.

 

- Оглас -

Најнови вести