Во серијата „Мајки шампиони“, Бисерка Петровиќ, мајката на покојниот кошаркар Дражен Петровиќ, имаше емотивна исповед во која откри некои детали што се малку познати за јавноста.
Неговиот живот трагично беше скратен на 7 јуни 1993 година, загина во Германија на 28-годишна возраст, кога се враќаше со автомобил од квалификациите за ЕП. Дражен не сакал да оди со авион, туку тргнал назад со својата девојка Клара, која го управувала автомобилот.
„Хрватска веќе се квалификуваше за ЕП, но тој не сакаше да го пропушти последниот меч за репрезентацијата во тие квалификации. Ми се јави десет часа пред несреќата и рече: „Ти испратив валкана роба, ќе се вратам за два дена, знам дека ќе се грижиш за тоа“. И тоа беше последен пат кога се слушнавме“, се присетува мајката Бисерка.
На кобниот 7 јуни, доцна навечер, пред полноќ, Бисерка чекала да се јави Дражен, но на телефон била една жена која ѝ ја кажала лошата вест.
„Подоцна дознав дека таа жена била судски преведувач од Македонија. Ме праша дали е тоа станот на Дражен Петровиќ, одговорив потврдно, и ми рече: Вашиот син загина. Тој чин никогаш нема да го заборавам. Тоа за мене беше шок. Тргнав накај балконот да се фрлам, но сопругот ме слушна како викам и буквално ме спаси“, откри Бисерка.
Бисерка вели дека пред трагедијата била во Загреб, во друштво на јасновидец, кој ја прашал: „Што сакаат овие жени што одат со Дражен?“
Во автомобилот во моментот на несреќата со Дражен беа Клара и нејзината другарка, кошаркарка од Турција. Хилал ја преживеа несреќата, но осум години беше во кома.
„Бевме во некое друштво и јасновидецот го виде загинувањето на Дражен, но не сакаше да ми каже бидејќи тоа беше судбина. Ми кажа подоцна дека не би можела да ја спречам трагедијата и да ми кажел таа вечер што видел. Но, ми кажа за тие две жени, видел како Дражен го носат во смрт“, тврди Бисерка.