Мајката на Дончиќ на улица во Истанбул ја прашале дали го знае Лука, дала епски одговор

Не постои љубител на кошарката во светот кој не знае за Лука Дончиќ, особено откако младиот Словенец блесна во својата дебитантска сезона во НБА, а во Европа тој веќе неколку години е ѕвезда и еден од најпопуларните. Мајката на Лука, Мирјам, минатата недела го посети Истанбул и на интересен начин се уверила колку е популарен нејзиниот син.

Еден случаен минувач ја запрел и ја прашал од каде е. Кога госпоѓа Потербин одговорила дека е од Словенија, веднаш следувало ново прашање, овојпат поврзано со нејзиниот син. Откако ја прашале дали го знае Лука Дончиќ, мајката на кошарката одговорила дека „ѝ се чини дека слушнала за него“.

Мајката на Лука изгледа фантастично и го привлекува вниманието на многумина мажи, но овој Турчин не знаел дека таа всушност е мајка на младата ѕвезда на Далас маверикс и европската кошарка.

- Оглас -

Најнови вести