Раководството на премиерлигашот Манчестер сити на официјалниот профил на „Твитер“ потврди дека мајката на нивниот менаџер, Пеп Гвардиола, починала како последица од Коронавирусот.
„Семејството на Манчестер сити со ужаснување соопштува за денешната смрт на мајката на Пеп Гвардиола, Долорс Сала Карио во Манреса, Барселона, откако беше заразена со Коронавирусот. Таа имаше 82 години. Сите што сме поврзани со клубот, испраќаме најсрдечно сочувство во ова болно печално време за Пеп, неговото семејство и сите нивни пријатели”, објавија Граѓаните.
Гвардиола ја загуби мајката само една недела откако донираше еден милион евра за купување на медицинска опрема во борбата со Коронавирусот.