25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Мајката на ѕвездата на НБА почина од Коронавирус

Мајката на Карл Ентони Таунс, Жаклин, ја загуби битката со Коронавирусот. Џеки од почетокот на март се бореше со болеста, беше поставена на респитатор и, за жал, почина како последица на вирусот.

Во соопштение од семејството на олстар-кошаркарот на Минесота тимбервулфс стои дека Џеки била жена, мајка, ќерка, баба, сестра, вујна и пријател. Била сила на семејството Таунс, прекрасна грижлива личност која ја сакале сите кои ја запознале и нејзината енергија и страст не може да бидат заменети. Семејството им се заблагодари и на лекарите кои се бореле да ја спасат.

И таткото на Таунс бил болен во исто време, но состојбата на мајката се влошила и таа неколку недели била во медицинска индуцирана кома.

- Оглас -

Најнови вести