Мајката на бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар, Надин Гонсалвеш, која има 52 години, се најде во центарот на вниманието откако беше објавено дека е во врска со 23-годишниот модел и гејмер Тијаго Рамос. Таа неодамна објави слика со 30 години помладиот љубовник и порача дека ако ја живеете љубовта, и необјаснивото може да се објасни. Но, романсата траеше кратко.
Надин му ги спакува работите и го „шутна“ Тијаго од нејзината семејна вила откако дозна дека пред неа тој излегувал и со машки, меѓу кои и нивниот семеен готвач Мауро. Тијаго бил во врска и со бразилскиот актер, комичарот Карлињос Мајо, со милионерот Едуардо Переира, со ПР консултантот Ириналдо Оливер. Овој последниот изјави дека бил во шок кога го видел Тијаго со мајката на Нејмар бидејќи не знаел дека го интересираат и жени. Сега младиот Тијаго додека да најде нова жртва, се врати да живее со неговите родители.
Родителите на Нејмар се разведоа во 2016 година, по 25 години брак.