Селекторската иднина на Роберто Манчини во Италија, по поразот од Македонија е разнишана.
Иако им ја донесе титулата Европски првак, стратегод по поразот од Македонија не успеа да ја однесе Италија на уште едно Светско првенство, овојпат во Катар. Неговата мајка, пак, Маријана Пауло за италијанските медиуми има замерки за тимот што е одбран, а јавно прозва и две ѕвезди.
„Ќе го повикав Марио Балотели и тој ќе беше стартер во нападот на местото на Имобиле. Балотели е многу силен дечко и ретко кој може да го сопре. Но, тоа е фудбалот, се беше во нашите раце и можевме да одиграме многу подобро.
Но, ако се гледа, можеби вината треба да ја бараме во лошите квалификации. Жоржињо промаши три пенали, а јасно е дека ако не можеш да дадеш гол тогаш не треба да шутираш. Мислам дека и Џанлујџи Донарума можеше многу подобро да реагира при шутот на Трајковски“ изјави Маријана.