Мајката на Роналдо не можеше да ги скрие солзите кога го виде роденденскиот подарок вреден над 100.000 евра (Видео)

Кристијано Роналдо на најдобар можен начин ја заврши фудбалски 2023 година откако со 54 погодоци заврши како најдобар стрелец во светот. Со тоа, Роналдо кој следниот месец ќе наполни 39 години, покажува дека годинините се само бројки и дека уште е во врвна форма.

Пред крајот на годината, Роналдо имаше уште една „мисија“ која успешно ја заврши. На 31 декември е роденден на неговата мајка, Марија Долорес Авеиро. Таа наполи 69 години, а Роналдо не само што успеа навреме да пристигне на нејзиниот роденден, туку и ја изненади со скапоцен подарок.

Роналдо за подарок ѝ купи Порше Кајен кој вреди преку 100.000 евра.

Освен вредниот подарок, изненадување за Долорес беше и присуството на бразилскиот пејач Луан Сантана. Долорес е голем обожавател на песните на Луан, кој од Роналдо за подарок доби златен часовник „Ролекс“ вреден 430.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести