Мајката на грчкиот тенисер Стефанос Циципас, Русинката Јулија, влета на прес-конференција на нејзиниот син, и се пошегува со него дека треба да внимава што зборува за родителите. Јулија во улога на новинарка, инсистираше да добие одговори од Стефанос на некои прашања поврзани со односот на мајка и син, и зошто му пречи ако за тренер има жена.
Јулија смета дека малку време минува со синот, дека го гледа поретко отколку мајките на другите топ тенисери, но тој не се согласуваше. Имаше среќа што ова се случи вчера, после победа. Денеска Циципас загуби од Ѓоковиќ, и госпоѓа Јулија тешко дека повторно би го направила истото.