14.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Мајкл Џордан фати топка по подолго време и се молеше да погоди, видете како помина (Видео)

Човекот кој за многумина е најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, изјави дека неодамна зел кошаркарска топка во рака за прв пат по неколку години,  изнајмил куќа чиј сопственик го замолил на кошот во двор да изведе слободно фрлање пред неговите внуци.

Џордан рече дека чувствувал нервоза и трема после подолго време.

„Причината беше што овие деца слушнале приказни од своите родители за тоа што сум правел пред 30 години, па нивните очекувања се темелеле на тоа, а јас не сум допрел кошаркарска топка. Дали го погодив шутот? Апсолутно. И почувствував најголемо задоволство, целата недела ми беше подобра што можев да им угодам на нивните деца, не знаејќи дали ќе можам да го направам тоа“, раскажа Џордан. 

Се појави и видео од ситуацијата на која се осврнува Џордан. Пред да шутне вели: „Господе, смилувај се, те молам дозволи ми да го направам ова“. Откако го кажа тоа, се подготви за шутот и погоди без никакви проблеми, како што тоа го правеше илјадници пати во својата блескава кариера.

- Оглас -

Најнови вести