26.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Мајкл Џордан го сруши рекордот на Марадона

Дресот на легендарнот Мајкл Џордан со кој играше во првиот меч од НБА-финалето во 1998 година е продаден за рекордни 10,1 милиони долари. Со оваа сума Џордан го сруши рекордот кој беше во сопственост на уште една спортска легенда, Диего Армандо Марадона.

Дресот со кој легендарниот аргентински фудбалер го даде славниот погодок со „Божја рака“ беше продаден за 9,3 милиони долари и досега беше најскапиот продаден спортски дрес.

„Во деновите откако ја најавивме оваа аукција, се почувствува возбудување не само кај љубителите на спортот, туку и кај колекционерите кои сакаа во своите витрини да го имаат ова ретко парче од спортската историја“, рече водителот на Стритвер, Брахм Вачер, кој додаде дека името на Мјакл Џордан се еднакво силни како пред 25 години.

Во НБА финалето во 1998 година, Чикаго булс предводен од Џордан, со 4:2 во победи славеше над Јута џез и стигна до шампионскиот прстен.

- Оглас -

Најнови вести