Еден од најдобрите кошаркари во историјата, ако не и најдобриот, Мајкл Џордан, својата колекција на автомобили ја збогати со Пининфарина Батиста, вреден над два милиони евра.
Ваков тип на автомобил е произведен само во еден примерок и беше претставен во на саем за автомобили во Италија во август оваа година, а тогаш беше откриено дека автомобилот е купен од „таен колекционер на автомобили“. Неговиот идентитет сега е познат, се работи за Мајкл Џордан, чие богатство се проценува на 3,5 милијарди евра, па купувањето на овој автомобил и не е некој посериозен „удар“ за неговиот буџет.
Michael Jordan revealed as mystery buyer of custom-made $2m sports car designed for NBA legend only https://t.co/NH8vKar2WJ
— Mail Sport (@MailSport) October 5, 2024