14.8 C
Skopje
среда, 1 октомври 2025

Мајкл Карик повторно ќе биде привремен тренер на Јунајтед доколку Аморим биде отпуштен?!

Манчестер јунајтед и оваа сезона продолжи да игра во стилот на претходната, па само со седум бода по шест кола е на 14-тата позиција во Премиер лигата. Поразот од Брентфорд во саботата повторно го покрена прашањето за смената на Рубен Аморим, а медиумите на Островот веќе најавуваат кој би можело да биде неговиот наследник.

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Црвените ѓаволи, Мајкл Карик, ќе биде привремено решение во случај Рубен Аморим да си замине. Тоа за него ќе биде вторпат да дојде на истата функција, а така беше и по разделбата со Солскјер.

Карик тогаш го водеше Јунајтед на три меча, на кои имаше две победи и едно реми, а потоа на клупата седна Ралф Рангник.

Сепак, дел од стручната јавност верува дека Карик може и треба да биде трајно решение за тренер на Манчестер јунајтед и му порачуваат на раководството сериозно да размисли на оваа тема.

- Оглас -

Најнови вести