Поранешниот англиски напаѓач Мајкл Овен му го честиташе 18-тиот роденден на својот син Џејмс, но славата му ја зеде Серхио Регилон со еден коментар под објавата.
Овен му честиташе на синот влез во светот на возрасните, а во приказната се вмеша Шпанецот од Брентфорд со урнебесен коментар.
– Тато?, – напиша Регилон, а коментарот стана вирален и го видоа над милион луѓе.
Џејмс Мајкл Овен и Регилон навистина личат многу, затоа и шегата на Шпанецот предизвика толку реакции.