Дури 19-мина фудбалери и членови на стручниот штаб на Мајнц се позитивни на корона-вирус и германскиот прволигаш денеска побара да се одложи мечот со Борусија Дортмунд што треба да се игра задутре, од 15.30 часот.
Сите заразени фудбалери се во карантин и не тренираа денеска, па Мајнц и официјално се обрати до Фудбалската федерација на Германија со барање мечот против Милионерите да не се игра во предвидениот термин.
Барањето им е прифатено и дуелот од 25. коло во Бундеслигата ќе се игра на 16. март од 18.30 часот.
Der 1. FSV Mainz 05 hat am Freitag bei der @DFL_Offical einen Antrag auf Verlegung des für den kommenden Sonntag angesetzten Heimspiels gegen den @BVB gestellt. #mainz05 pic.twitter.com/krS4NF8TQf
— 1. FSV Mainz 05 (@1FSVMainz05) March 4, 2022
Мајнц требаше да му биде домаќин на фаворитот од Дортмунд на својата „Мева арена“ во Мајнц, во недела, но доби одложување за 10 дена, кога сите играчи би требале да бидат подготвени за настап против Борусија.