20.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Мајнц ја доби најжестоката казна во историјата на германскиот фудбал

Германскиот клуб Мајнц ќе треба да плати казна дури од 166.000 евра за палење пиротехники средства од страна на неговите навивачи на натпреварот од Купот против Кајзерслаутерн, кој се одигра уште на почетокот на август.

Иако поминаа речиси два месеци од тогаш, сега дојде времето за наплата. Тогаш фановите на Мајнц направија пиротехничко шоу и прекин на мечот од неколку минути.

Казната од 166 илјади евра е највисока која некогаш ја добил некој германски клуб. Од Мајнц рекоа дека очекувале голема парична казна, а полицијата уште работи на идентификација на престапниците кои запалија и фрлија на терен околу стотина факли и чадни бомби.

- Оглас -

Најнови вести