18.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Мајнц минатиот викенд го победи Баерн, но во новото коло, во очите во прогнозерите е апсолутен аутсдајдер

Веќе се наѕираат фаворитите на прогнозерите во новото 28-мо коло на Спортска прогноза која заедно ја организираат Sport Life и Спорт Манија. Прогнозерите од вчера можат да типуваат во новото коло, во кое има две големи дерби-пресметки во Серија А, како и најголемото хрватско дерби меѓу Хајдук и Динамо.

Најголема доверба на прогнозерите им влева Нант, кој пред своите гледачи игра против Тулуз и повеќе од 81 отсто сметаат дека домаќинот ќе слави.

Во првото големо дерби, Интер е фаворит во очите на прогнозерите со 73 отсто, додека само 8 отсто му даваат шанси на Лацио.

Прогнозите за втората римско-миланска пресметка се доста понеизвесни. Рома има 26 отсто доверба во прогнозерите, 34 отсто веруваат во триумф на Милан, а 38,79 отсто сметаат дека нема да има победик на дербито.

Засега прогнозерите имаат голема доверба и во Валенсија (72 отсто) која му гостува на Кадис, како и во Волфсбург (80 отсто) кој го пречекува Мајнц. Во Мајнц веруваат само осум отсто од прогнозерите, иако овој тим во последното коло во Бундеслигата со 3:1 го совлада Баерн Минхен.

Најуспешните во секое коло Sport Life ги наградува, а подарокот можете сами да си го одберете под услов да погодите Тринаесетка. Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

X Box Series X.

Подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар (им следува ваучер од Sport Life од 1.000 денари) и за тие со две утки (ваучер од 500 денари)

- Оглас -

Најнови вести