Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, има опција за останување во шпанската Ла Лига, дури и во случај летово да си замине од Валенсија со која има договор до следното лето.
Лилјаците, поточно нивниот тренер Корберан, не го гледа Столе како прв голман во тимот за следната сезона и тоа ја компликува иднината на кумановецот во Валенсија.
За Мајорка сезонава бранеа Лео Роман и Словакот Доминик Грајф, но може да се случи да си замине еден, или дури и двајцата. Затоа во Мајорка „ѕиркаат“ што се нуди на пазарот за голмани и го обележале Димитриевски како опција, објави новинарот Матео Морето.