Мајорка е полуфиналист во Купот на Шпанија откако вечерва дома ја елиминира силната Жирона со 3-2.
Тимот од балеарскиот остров водеше со 3-0 по првото полувреме. Ова беше првпат сезонава Мајорка да даде три гола во прво полувреме и првпат сезонава Жирона да прими три гола.
Гостите намалија од пенал во 68-мата минута, веднаш откако Мајорка остана со играч помалку, но иако Жирона речиси половина час имаше човек плус на теренот, вториот гол го даде дури во 96-тата минута, па драмата во финишот траеше кратко.
На трибините на стадионот во Мајорка беше и славниот тенисер Рафаел Надал, кој ја прослави победата на тимот од неговото родно место.
Два гола за Мајорка даде Абдон Пратс, погледнете го убавиот погодок за 2-0:
https://twitter.com/i/status/1750232401412821140