Мајорка прими бизарен гол и остана без триумф (Видео)

Фудбалерите на Мајорка и Еспањол одиграа без победник 1:1 во првиот меч од 12-то коло во Ла Лига.

Мајорка остана на 12-тата позиција на табелата со 13 бода, додека Еспањол скокна едно место и сега е 13-ти со 11 бода.

Првиот дел заврши без голови иако домашниот тим доминираше, но затоа на стартот од вториот дел, Ведат Муричи го отвори резултатот.

Домашните играчи продолжија со нападите, но, не успеаја да постигнат уште еден гол и да за заверат победата туку примија бизарен гол.

Во 69-тата минута, Ласо прими топка на левата страна и сакаше да нафрли во шеснаесетникот на домаќините, но топката заврши во голот на Рајковиќ.

 

Во последните моменти од мечот, Мајорка остана со двајца играчи помалку бидејќи Мафео и Агире добија директни црвени картони, а судијата во 88-та минута не им досуди пенал.

- Оглас -

Најнови вести