Мајорка во последен миг се спаси од пораз против Севиља (Видео)

Севиља беше на прагот на деветтата победа во Ла Лига оваа сезона, но не успеа на домашен терен да триумфира против Мајорка. Гостите во 91-вата минута постигнаа израмнувачки погодок за 1-1 и освоија бод.

Стрелец на водечкиот гол за Севиља беше Кике Салас во 45-тата минута од дуелот.

Во 61-вата минута стрелецот Кике Салас имаше уште една одлична можност, но шутираше за малку над голот.

Мајорка се закани преку Роберт Наваро, а тоа што не му успеа нему, во судиското продолжение го стори Мартин Ваљент. Погоди за конечни 1-1 откако слабо реагираше и домашниот голман Орјан Ниланд.

- Оглас -

Најнови вести