Унгарците се подготвени за камбек, Николов и Муслиу први на теренот на 23 мај

Тандемот македонски репрезентативци Бобан Николов и Висар Муслиу ќе ја имаат честа да играат во еден од двата премиерни меча во камбекот на унгарскиот фудбал по пандемијата со корона-вирусот.

Со нивниот клуб МОЛ Фехервар, Николов и Муслиу ќе настапат на 23 мај од 17 часот како гости кај Мезоковеш, а потоа ги чека реванш во полуфиналето од Купот со истиот противник четири дена подоцна на домашен терен. Во второто полуфинале во истите термини ќе играат МТК и Хонвед.

Можно е Бобан и Висар да бидат и првите македонски играчи што ќе играат фудбал во постерата на ковид-19, а секако двата меча против Мезоковеш ќе ги играат без поддршка од навивачите, како што ќе биде според планот и во продолжението на првенството.

Првата унгарска лига ќе се рестартира на 30 мај со мечевите од 26-тото коло, а МОЛ Фехервар ќе му гостува на Пакс. Истиот ден ќе настапи уште еден македонски репрезентативец, Кире Ристевски со Ујпешт, исто така на гостински терен, а ривал ќе им биде Кишварда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести