14.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Мајстор: Меси тренира слободни удари, соиграчите од Аргентина зачудени од прецизноста (Видео)

Не е тајна дека Лионел Меси е еден од најдобрите, ако не и најдобриот изведувач на слободни удари на светот, а снимка од вчерашниот тренинг на репрезентацијата на Аргентина покажува како Лео тренира шутеви од 20-тина метри. Ѕвездата на ПСЖ има одлична техника, а од трите обиди, во два даде гол, еднаш топката заврши во пречка.

Останатите соихграи само стоеја настрана и гледаа, а после вториот шут кога топката заврши во мрежата, воодушевено подвикнаа. Гаучосите утревечер му гостуваат на Бразил во меч од квалификациите за СП, па голманот на Кариоките не би сакал да има слободен удар за гостите во зона на шут.

- Оглас -

Најнови вести