Мајстор од Влае: за стотка уплатил три меча на точен резултат, тикетот е добитен!

Во објект на Sport Life во скопската населба Влае синоќа е уплатен тикет кој испадна добитен, а типувани се три натпревари, и тоа на точен резултат.

Уплатата е 100 денари, а бруто-добивката е 85.852 денари.

Овој играч претпоставил дека Рома ќе го победи Емполи со 2-1, а дека гостите ќе победуваат со по 1-0 на дуелите Алмерија – Осасуна и Визела – Есторил. Квотите за сите три меча се огромни, од 8 нагоре, па затоа и добивката е спектакуларна со оглед на уплатата.

Среќата е составен дел и од обложувањето. За тикетот да биде добитен, се случија и среќни околности за играчот, како утнати пенали на Рома и Визела и поништен гол за Осасуна.

- Оглас -

Најнови вести