Мајстор за кинески боречки вештини против ѕвер што е три пати потежок од него: Кој ќе победи? (Видео)

Во отсуство на вистински големи возбудувања во рингот, интересно е да се направи едно ретро од борба која беше не така одамна. Рускиот стронгмен Денис Вилданов кој е вистински ѕвер од 220 килограми беше предизвикан од човек кој е речиси три пати послаб од него.

Андреј Ефимов е мајстор на кинески вештини, но е тежок само 77 килограми и е речиси 20 сантиметри понизок од Вилданов, кој без проблем ја прифати идејата за борба. Ефимов премногу оптимистички влезе во рингот, а Вилданов веднаш покажа надмоќ.

Мајсторот за кинески борачки вештини немаше никакви шанси и успеа да издржа едвај минута и пол во рингот. Вилданов ја покажа целата сила и буквално „го тресна“ противнкот од рингот и го заспа.

- Оглас -

Најнови вести