„Мајстор за криенка“ го измами голманот во 97-ма минута и даде гол за победа (Видео)

Атланта јунајтед на неверојатен начин дојде до победата од 2-1 над Торонто во меч од МЛС лигата.

При резултат 1-1 се играше 97-ма минута, судијата во секој момент требаше да свирне крај на мечот, а голманот на канадскиот тим, Лука Гавран, имаше намера да ја исфрли топката далеку напред, но се случи нешто што ретко се гледа.

Џамал Тиаре од Атланта беше зад грбот на голманот, Гавран не го виде, никој не го предупреди за опасноста, и Тиаре итро му ја украде топката, и даде гол за победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести