Летните одмори се во полн ек, а обложувачот од Карпош дефинитивно може да си дозволи убаво уживање откако со 140 денари уплата и мајсторски погоден тикет стигна до добивка од повеќе од 2.000 евра. Или поточно 144.333 денари.
Што се вели од „кусурот“ има и за нес-кафе или пиво на лежалките на плажа.
Тикетот „тргна“ во неделата навечер, ја мина Сампдорија, а потоа и одличен погоден коефициент на ПСЖ против Атлетико Мадрид. Мајсторот погоди и „икс“ на дуелот меѓу Палмеирас и Порто, и се чини дека тикетот беше предодреден да биде добитен.
