Неделата беше посебно среќен ден за двајца обложувачи од Скопје и Куманово кои уплатиле тикети во Sport Life. Во Старата чаршија во Скопје само со 100 вложени денари, на шест натпревари, направен е добитен тикет со нето-добивка од 121.084 денари.
На пет од шесте меча, тактиката била да има 2+ погодоци во првото полувреме, а во вториот дел да има барем по еден гол и тоа било успешно на мечевите на кои домаќини беа Барселона, Вест хем, Алавес, Верона и Парма.
Само на дуелот Манчестер сити – Борнмут одиграно е Граѓаните да постигнат 2+ погодоци во првото поувреме и тоа се случи благодарение на Ерлинг Халанд, кој постигна двва гола и неговиот тим водеше со 2:1 по 45 минути игра.
На крајот, вкупниот погоден коефициент на овој тикет е 1.424, па само со 100 денари добивката е одлична, односно безмалку 2.000 евра.

Во Куманово, на тикет со шест дуели, направена е добитна вкупна квота од 1.797, па само со 50 денари, добивката е 76.412 денари. На овој тикет има погодено и квота од 18, и тоа на мечот Вест хем – Њукасл. Погодено е дека домаќините ќе водат на полувреме и на крајот ќе победат во меч на кој во првото полувреме ќе има постигнато меѓу два и три гола. Вест хем на полувремето водеше со 2:1, а на крајот победи со 3:1.
И останатите пет погодени меча се со квоти над 2.10, а впечатливо е дека на сите верба се имало во домаќините и на крајот сите домаќини победија.


                                    