Мајстор за пресврти има Струга: Погоди „кец во два“ на Атлетико и „два во кец“ на Реал (фото)

Мајстор за пресврти се јави од Струга со неговиот добитен тикет во кој ги погоди исходите на полувреме и крај во натпреварите од последното коло во Ла Лига меѓу Реал Мадрид и Вилјареал, односно Валјадолид и Атлетико Мадрид.

Обложувачот си ја проба среќата со 20 денари уплата да чека „прелази“ на „Алфредо Ди Стефано“ и „Зорилја“, а токму тоа се случи за да си земе солидна добивка од 11.700 денари.

Атлетико беше во негатива по првиот дел на гостувањето кај Валјадолид, па Кореа и Суарес до 67-та минута ги поставија конечните 2-1. Понеизвесно беше во Мадрид, каде што Реал губеше со 0-1 од Вилјареал до 86-тата минута, а Бензема и Модриќ до крајот погодуваа за идентичен триумф од 2-1.

- Оглас -

Најнови вести