Мајстор за ракометни и кошаркарски фиксови со плусеви и минуси, состави топ добитен тикет во Sport Life

Прогнозер од скопско Трубарево вчера попладне во објект на Sport Life уплатил 200 денари на тикет на кој има пет ракометни и кошаркарски мечеви со комбинација на конечен тип и плус-минус поени или голови, и сите пет прогнози му се фатени.

Системот е 3/5, но тој ги погодил сите пет големи квоти од 3,50 до 5.50, па добивката му е максималната можна во случајов, од 16.540.

Инаку, на тикетот сите резултати прилично лесно се остварија како што посакуваше овој играч, освен за ракометната средба Полска – Германија. Двојката не беше спорна, но еден гол решаваше дали за тикетот ќе има максимална исплата или помала. На овој меч играно е дека ќе паднат помалку од 53,5 голови, а паднаа 53. Доколку Германците или Полјаците дадеа уште еден гол, овој тикет ќе носеше далеку помала добивка.

re

- Оглас -

Најнови вести