Мајстори за чешки и англиски фудбал со мала уплата заработија многу, а топ-добивката викендов е во Кавадарци

Од петокот до неделата, секој ден имаше по еден одличен добитен тикет уплатен во Sport Life и овие тикети заслужуваат да бидат видени од пошироката јавност.

СРЕЌЕН КАВАДАРЧАНЕЦ „ЗНАЕШЕ“ КАДЕ ЌЕ ИМА ПОВЕЌЕ ГОЛОВИ ВО ПРВО ОТКОЛКУ ВО ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ

Во уплатно место на Sport Life во Кавадарци, со 100 денари уплата, има добитен тикет вреден 232.304 денари. На овој тикет точно се типувани пет саботни фудбалски мечеви.

За дуелот Саутхемптон – Арсенал, погодената квота е дури 9.50, а прогнозирана е победа на домашните и повеќе голови во прво отколку во второ полувреме. Светците победија со 1-0, со гол во 44-тата минута. Истата комбинација беше и за Фиорентина – Венеција.

Овој кавадарчанец имал среќа и за мечот Манчестер сити – Ливерпул, каде што типувал победа на Црвените и повеќе голови во прво полувреме. Во финишот Сити опасно се закануваше да даде и трет гол, а и Ливерпул имаше шанса да го упропасти тикетот со евентуален гол во второто полувреме.

ПОГОДЕНИ ОСУМ МЕЧА ОД ЧЕШКОТО ПРВЕНСТВО Е ЗА РЕСПЕКТ

Крајот на викендот, во неделата еден играч од скопски Петровец со 50 денари уплата, си го разубаве со добивка од 81.159 денари благодарение и на бонусот од 1.591 денари.

На тикетот има осум фудбалски натпревари од Чешка, кои се играа во неделата попладне. Има шаренило од игри, а квотите се движат од 1.96 најмалата до најголемата од 3.75.

Овој играч најдолго чекал голови на средбата Јаблонец – Славија Прага, каде што е типувано 2&3+, а по 80 минути, резултатот беше 0-1. Во финишот двата тима дадоа по еден гол и му помогнаа на овој прогнозер да се радува на добитен тикет.

ДОЖДОТ ОД ГОЛОВИ ВО ПЕТОКОТ ДОНЕСЕ РАДОСТ ВО ВЛАЕ

Ефикасниот фудбал во пониските англиски лиги, на мечеви во петокот попладне му донесе добивка на играч кој уплатил тикет во Sport Life во скопско Влае. Со минимални 20 денари уплата, добивката е 92.304 денари, од кои бонус се 23.420. Погодени се дури 14 меча и на сите е типувано дека ќе има 3+ голови.

Најкритичен на овој прогнозер му бил дуелот Шефилд јунајтед – Ридинг, каде што до 89-тата минута беше 0-1, а во 90-тата и 92-рата паѓаа голови за добивка. Чекање имало и на Питерборо – Блекбурн, каде што немаше голови до 77-мата минута, а потоа за 10 минути паднаа три погодоци.

- Оглас -

Најнови вести