Ова коло на Спортска прогноза ќе биде посебно интересно ако се знае дека има неколку дерби-дуели. Ливерпул гостува на „Олд Трафорд“ кај Манчестер јунајтед, но фактот дека Црвените од „Енфилд роуд“ се во трка за титулата, ги прави големи фаворити. Повеќе од 60 отсто очекуваат Ливерпул да победи, а само 15 отсто очекуваат „кец“.
Кога се работи за дерби-дуелите, ќе „гори“ во Рим, Лисабон и Глазгов. Рома ја има улогата на фаворит на „Олимпико“ против Лацио, а неверојатно делува фактот дека помалку од пет отсто чекаат „двојки“. Слична е ситуацијата и пред мечот Спортинг – Бенфика. Над 63 отсто чекаат победа на домаќинот, а нема ни 10 отсто од прогнозерите кои веруваат во силата на Бенфика. Ова ќе биде и битка за титулата затоа што Спортинг е лидер со 68 бода, а Бенфика е веднаш зад ривалот со еден бод помалку.
Во Шкотска, Ренџерс е домаќин на Селтик и тука малку се прогнозерите кои чекаат „двојка“. И овој дуел е за титулата, затоа што Селтик е лидер со 74 бода пред Ренџерс, кој има еден бод помалку.
Освен овие четири дерби-дуела, има уште девет интересни пресметки на кои треба да се погоди фиксот. Предизвикот за секој обложувач е да се обиде да погоди Среќна 13-ка и потоа да одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари, а прогнозерот со погодени 11 натпревари добива ваучер од 500 денари.