Мајсторија е да се погоди дали во четвртфинале на ЛШ ќе оди Лил или Борусија

Вечерашната четворка од осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони почнува со дуелот на Лил и Борусија Дортмунд од 18.45 часот, а токму за овој двобој е и најголемата дилема кој ќе оди понатаму.

Првиот меч во Дортмунд заврши 1-1, па сега во Лил се надеваат дека може да испишат историја и да се најдат меѓу осумте најдобри. Подобриот од овој меч во четвртфиналето ќе игра против Барселона.

Sport Life ви нуди можност да се обложите кој ќе оди понатаму за овој и за мадридскиот дерби-дуел. Квотите за Лил и Борусија се исти, има тотална неизвесност околи тоа кој ќе оди на мегдан со Барса, а Реал, кој дома го победи Атлетико со 2-1 пред осум дена, со таа мала предност влегува на реваншот и затоа е фаворит за место во четвртфиналето.

По убедливите победи на гости, Арсенал и Астон вила веќе се видени четвртфиналисти и треба само рутински да ја одработат задачата на реваншите вечерва.

- Оглас -

Најнови вести