Мајсторија која ретко се гледа и на машки фудбал: Со петица, низ нозе, во гол (Видео)

Женската репрезентација на Англија се пласира во финалето на Европското фудбалско првенство на кое е домаќин. Англичанките одиграа феноменален полуфинален дуел против Шведска и славеа убедливо со 4:0, па сега во борба за тронот го чекаат подобриот од второто полуфинале меѓу Германија и Франција.

Англија на полувреме водеше со 1:0 против Шведска, а на почетокот на вториот дел стигнаа и до 2:0. Сите надежи на Шведска згаснаа кога Русо погоди за 3:0 во 68-мата минута. Токму овој погодок на Русо може да влезе во конкуренција за најдобар во годината.

Репрезентативката на Англија најпрво шутираше од пет метри, но голманката на Шведска одбрани. Топката повторно се одби до Русо, кога иако беше свртена со грб кон противничкиот гол, на мајсторски начин со петица шутираше, ја изненади противничката голманка, на која топката и помина низ нозете и заврши во голот.

https://twitter.com/i/status/1552051383838203909

- Оглас -

Најнови вести