Мајсторија: На Ајакс му даде гол од 55 метри, во трилер мечот на кој имаше седум голови (Видео)

Во возбудлив и меч со дури седум голови, Ајакс победи со 4:3 на гостувањето кај Хераклес. Домаќините два пати водеа во првото полувреме, а Ајакс израмнуваше. Во вториот дел, гостите од Амстердам поведоа со 3:2, а Хераклес израмни на 3:3, за да во 82 минута, фаворизираните гости постигнаа и четврти гол, кој на крајот беше доволен за победа.

Од сите сеудм погодоци, посебно впечатлив беше тој на Марио Енгелс во 27 минута, кога фудбалерот на Хераклес успеа да погоди со шут од својата половина. Без многу размислување, Енгелс шутираше од околу 55 метри и успеа да го изненади голманот на Ајакс за тогаш водство од 2:1. За жал на Енгелс, овој негов погодок на крајот не беше доволен дури ни за еден бод да освои неговиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести