Мајсторија на Алтидор за историја на Американците (Видео)

Откако се одиграа последните два меча (САД – Панама 1-0, Тринидад и Тобаго – Гвајана 1-1) од групата Д на Гол купот, познати се четвртфиналните двојки во ова натпреварување. Мечевите за влез во полуфинале ќе бидат: Мексико – Костарика, Канада – Хаити, САД – Курасао и Панама – Јамајка.

Репрезентацијата на САД стана првата која на Голд купот успеала групната фаза да ја заврши со максимален број на бодови, и гол разлика во која постигнати се двоцифрен број на погодоци и ниту еден примен гол.

Џози Алтидор со гол со ножички, им донесе победа на домаќините над Панама, која 10 години и 16 меча по ред не знаеше за пораз во групна фаза од Голд купот. Алтидор одлично се снајде и го постигна својот 42-ри гол во дресот на националниот тим.

https://www.youtube.com/watch?v=0K1OkVHiubA

- Оглас -

Најнови вести