Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски, на најдобар можен начин дебитираше за турскиот второлигаш Болуспор.
Аврамовски во 26-та минута го отвори резултатот на мечот меѓу Аданаспор и неговиот Болуспор и тоа со прекрасен гол.
Во шеснаесетникот на Адана, одбиената топка дојде до Аврамовски кој во манир на врвен стрелец со ножички ја смести топката во мрежата. Во вториот дел, Адана успеа да израмни на 1:1.
Даниел Аврамовски за Болуспор потпиша во првите денови од зимскиот преоден рок откако во изминатите две сезони настапуваше за Сараево.