Елиф Елмас и Наполи дојдоа до три важни бода во борбата за титулата во Серија А откако на гостински терен ја совладаа Салернитана со минимални 1:0.
Репрезентативецот на Македонија беше главниот креатор на погодокот за својот тим во 60-тата минута, а него го постигна Пјотр Зјелински.
Интересно е само што една минута претходно, Елмас влезе на теренот на местото на Ирвинг Лозано и практично во првите неколку одигрувања му донесе водство на својот тим.
Следуваа два црвени картони. Најпрвин Кастањос ги остави на „цедило“ домаќините, а потоа и Колибали се одлучи да направи професионален фаул, со кој спечи и голема опасност и евентуално израмнување на резултатот.
До крајот на средбата, гостите се заканија уште неколку пати, но мрежата на Наполи остана чиста.
Со оваа победа, Наполи сега има 31 бод од 11 одиграни натпревари, односно три повеќе од Милан, кој треба да игра за неполн час против Рома.