Македонија води со 2:0 против Украина по само 40 минути игра на дуелот во Скопје, во рамките од квалификациите за Европското првенство 2024 година.
Барди од пенал донесе радост за 1:0 во 31 минута и тој гол може да го видите ТУКА. Навивачите на арената „Тодор Проески“ не чекаа долго за нова радост.
Елиф Елмас со мајсторски удар од 20-тина метри успеа да погоди за 2:0.