Атлетико Мадрид немаше милост за „фенерџијата“ во шпанската Ла Лига и го совлада Ваљадолид на гости со 0-5. Гостите одиграа одлично, но потегот на мечот го имаше Антоан Гризман, кој го постигна четвртиот гол на мечот.
Французинот во гол ја претвори “плеј стејшн“ акцијата на Атлетико Мадрид, откако при последниот допир со топката со „пируета“ се ослободи од двајца дефанзивци на Ваљадолид и лесно го совлада противничкиот голман, потег кој беше поздравен со аплауз дури и од навивачите на Ваљадолид.