Натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер сити кој се игра во моментов и на полувреме резултатот е 0-1, ќе влезе во историјата на Премиер лигата како само трети меч на кој меѓу стартерите немало ниту еден англиски фудбалер.
Тренерите на двата тима на терен извадија 22 странци, слика каква не е видено во елитното англиско првенство од јануари 2019 година кога играа Арсенал и Челзи. Првпат вакво нешто имаше на Портсмут – Арсенал во 2009 година.
Инаку, Сити кој со бод или три ќе обезбеди место во Лигата на шампионите, води со атрактивен гол со ножички на Илкај Гундоган. За Германецот ова е прв гол сезонава, но вредеше да се чека:
ilkay Gündoğan | 🏴 Fulham 0-1 Manchester Citypic.twitter.com/o6N5KlvuOi
— Goals Xtra (@GoalsXtra) May 25, 2025