Тикет кој вчера беше уплатен во Гевгелија, и тоа само две минути пред да започнат возбудувањата во Лигата на шампионите, донесе одлична добивка. Одигран е класичен тикет само со фиксови и само со 200 денари уплата, нето-добивката е феноменални 219.939 денари.
Одиграни се шест натпревари од Лигата на шампионите, а најголема драма, секако, беше тоа што се случи на „Олд Трафорд“, кога голманот на Манчестер јунајтед одбрани пенал во 90+7 минута и тоа му донесе триумф на англискиот гигант за погоден „кец“ на тикетот.
Освен дуелите во ЛШ, погодена е и победата на Ал-Наср, кој беше предводен од Кристијано Роналдо со два гола и една аситенција. Останатите 10 погодени фиксови се на средби од англиските лиги. На сите 10 одиграно е на домаќините, кои беа фаворити на кои квотите им се движеа од 1.34 до 1.87 и на крајот сите успеаја да победат и да бидат „кецови“.