Мајсторија на Митровиќ за најавни шпици, Роналдо повторно погоди, Шпанија се мачеше со Данска (Видео)

Иако вечерва играа и репрезентациите на Шпанија и Португалија, сепак најголемото внимание го привлече мечот кој се играше во нашето соседство, односно во Лесковац. Србија ја совлада Швајцарија со сигурни 2-0, на натпревар на кој можеби се очекуваа инциденти или провокации на Гранит Џака кон домашните навивачи.

Сепак, на теренот се мина во најдобар ред, а домашните сосема заслужено победија. Нико Елведи со несреќен автогол во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме донесе водство за Србија. Конечните 2-0 ги постави Александар Митровиќ во 61-вата минута, со мајсторски гол за најавни шпици.

Кристијано Роналдо повторно се запиша во листата на стрелците, откако успеа да погоди за Португалија на натпреварот против Полска на гостински терен. Португалците победија со 1-3, а Роналдо беше стрелец на голот за 0-2 во 37-мата минута, кога топката се одби од стативата ислучајно дојде до нозете на рекордерот по бројот на голови, кој немаше проблем да ја смести во полската мрежа.

Актуелниот европски шампион, Шпанија, многу тешко дојде до минимална победа од 1-0 над Данска во мечот кој се играше во Мурсија. Мартин Зубименди во 79-тата минута беше стрелец на единствениот погодок на мечот.

Вечерва се играа и два натпревари од дивизијата „Ц“ на Лигата на нации. Романија со убедливи 0-3 го победи Кипар на гости, додека Белорусија и Северна Ирска играа без голови, 0-0.

- Оглас -

Најнови вести