Мајсторија на младинец од Македонија ЃП го одбележа колото во првата лига (Видео)

Членот на македонската репрезентација за фудбалери до 19 години, Арби Воша, постигна прекрасен гол со кој придонесе за победата на Македонија Ѓорче Петров и го одбележа колото во првата лига.

Резултатите од денешните мечеви се: Беласица – Борец 2-2, Македонија ЃП – Академија Пандев 3-1, Пелистер – Струга Трим Лум 1-1, Шкендија – Работнички 1-1, Вардар – Ренова 3-3. Вардар водеше и со 3-1, но Гипсарите се спасија од пораз во 90-та минута, киксираше лидерот Шкендија кој не го задржа водството, а и битолчани во самиот финиш освоија бод.

Шкендија и Шкупи со по 22 бода се на делба на првото место, а зад нив е Македонија Ѓ.П. со 19. На дното е Беласица која денеска го освои својот втор бод сезонава.

Ова е голот на Воша со кој се најави победата на Лавовите:

https://streamable.com/dnq8lr

- Оглас -

Најнови вести