Мајсторија на Модриќ за победа на Реал Мадрид (Видео)

Реал Мадрид експресно им се врати на победите откако во минатото коло по вторпат сезонава ремизира со Рајо Ваљекано, и вечерва со минимални 1:0 ја совлада Севиља.

По триумфот над тимот од Андалузија имаат 65 бода на лидерската позиција, осум повеќе од Барселона и девет од Жирона која својот меч од 26-тото коло ќе го игра утре.

Навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ и фудбалерите на двата тиа, пред почетокот на мечот го поздравија новиот шампион во УФЦ во лесна категорија, Иља Топурија, а потоа на теренот во сите 90 минути доминираа Кралевите.

Играчите на Реал Мадрид беа надмоќни во сите статистички категории, но на крајот до победата и трите бода дојдоа во последните моменти од мечот.

Херој на Кралевите е ветеранот Лука Модриќ кој влезе во игра во 75-тата минута и само шест минути подоцна со одличен шут од работ на шеснаесетникот ја затресе мрежата на Севиља за триумф на неговиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести