Мајсторија на Рајс, Арсенал победи, но мртвата трка за ЛШ продолжува (Видео)

Фудбалерите на Арсенал со минимални 1-0 го совладаа Њукасл на домашен терен, но се уште го немаат обезбедено второто место на табелата, но му се придружија на Ливерпул во Лигата на шампионите. Манчестер сити има натпревар помалку и шанси за втората позиција, па со евентуална победа ќе има вистинска драма во последното коло од Премиер лигата за пласман во Лигата на шампионите.

Единствениот гол на мечот беше дело на Деклан Рајс во 55-тата минута со одличен удар од работ на шеснаесетникот.

Арсенал е втор со 71 бод, Њукасл, Челзи и Астон вила имаат по 66, додека Манчестер сити е петти со 65 бода и меч помалку, а ист број на бодови има и Нотингем форест.

- Оглас -

Најнови вести